Настап за уживање! Александра Трајческа од Прилеп ја воодушеви романската публика и меѓународното жири на престижниот фестивал George Grigoriu (Видео)

Изминатиот викенд во Браила, Романија се одржа 17-тиот по ред Меѓународен музички поп фестивал George Grigoriu во чест на eминентниот романски композитор, пејач, автор на песни и продуцент.

На фестивалот учество зедоа 24 учесници од повеќе европски земји. Единствен претставник на нашата земја беше прилепчанката Александра Трајческа, која вештината во пеењето ја совладува во Музичкото училиште “Матрикс” во Прилеп кај професорот Денис Димоски.

На овој фестивал таа се претстави со две песни на македонски и романски јазик. Во оваа прилика Александра ја изведе песната „Што те нема“, со која во 1995 година, на музика и аранжман на Кире Костов и текст на Миодраг Врчаковски Врчак, нашата позната поп пејачка Лидија Кочовска освои Гран При на Скопскиот музички фестивал.

За својот настап Александра доби прекрасни критики од романската публика и познати музички имиња од Романија, Украина, Италија итн.

Проследете го и уживајте во нејзиниот настап:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.