Прилепскиот блуз бенд “Crossroad Blues Band” e eден од најатрактивните блуз бендови од овие простори, пишува ОК Радио на својата веб страна. Нивниот настап на 10 август во Врање е бомбастично најавен, што значи нашите прилепчани убаво ја размрдале српската публика со изминатите свирки.
ОК Радио понатаму во текстот пишува дека ова е трета свирка на прилепчаните во Врање и го опишува прилепскиот бенд како возбудлив концертен состав кој постојано е на турнеа.
Албумот од 2014 година “Still living the blues” e oпишан како извонреден склоп на песни, со неверојатен избор на блуз стандарди, кој дополнително ќе ги зачини нивните настапи.
Со ова видео српскиот портал ја потсетува публиката за претходниот настап на прилепчаните во Врање.
А.Г.