Наставниците од ООУ„Добре Јованоски“, повторно ги покажаа нивните квалитети со уште еден успех за училиштето.
Станува збор за учество на натпревар „TRASH FOR ART 2019“ – Пакомак, каде тимот на наставници и стручни соработници повторнмо се закитија со првото место.
Тимот кој го освои првото место на натпреварот го сочинуваат: Маја Најдоска, Ангела Бошкоска, Сузана Дарковска, Мина Минако, Викторија Бошкоски, Софија Бошеска, Николина Шубеска, Анета Таневски и Верче Чакмакоска.
Ова е уште еден во низата успеси на ова училиште. Претходно од училиштето информираа дека нивните ученици и ментори освоија 5 награди во само една недела.
ДОБРЕВЦИ ЖНЕАТ УСПЕСИ: Во една недела учениците и наставниците собраа 5 награди (Фото/Видео)