Учител од училиштето “Брехо Санто сити” во бразилскиот град Цеара, бил изненаден од неочекуван гест на солидарност од неговите ученици.
Бруно Рафаел Паива, наставник по уметност два месеци немал земено плата поради бирократските процедури на исплата, па тоа го ставило во тешка ситуација.
Бруно дури спијал во училиштето, бидејќи не можел да плати кирија.
Учениците дознале за неговата ситуација па организирале изненадување за него. Успеале да соберат околу 400 долари и да го расплачат среде час.
Најпосле учениците го поздравија и со громогласен аплауз.