Новите возови кои по после историски долг период го обновија возниот парк на Македонски Железници, ја зголемуваат и дневната понуда на железнички превоз помеѓу поврзаните со пруга градови.
Од Македонски Железници информираат дека од 1-ви јуни на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје ќе сообраќаат 7 линии, или на секои 2 до 3 часа по еден воз.
Ќе сообраќаат 3 патнички и 4 експресни гарнитури.
Ова е од огромно значење за жителите на Пелагонискиот регион, кои ќе имаат плус поврзаност со главниот град.
Да потсетиме дека благодарение на владината одлука возовите секој четврток бесплатно ги користат студентите, а секој прв и трет викенд во месецот е бесплатен за младите до 28 години.
Поволности има и за пензионерите, кои патуваат бесплатно со воз секој втор викенд во месецот.
А.Г.