На 13 октомври балкански и македонски ѕвезди ќе пеат на концертот во чест на поп-ѕвездата, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје и ќе биде промовиран албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески.
Албумот, четврти постхумен, е насловен “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови“. Албумот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше „The Hardest Thing“.
На 16 октомври, се навршуваат 11 години откако поп-ѕвездата трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска.