Љубител на историјата пред 12 години ја потрошил целата животна заштеда, околу 50.000 евра, за купување на земја за која сметал дека крие големо богатство.
Неговиот инстинкт не го излажал – на таа локација покасно е откриен загубен, средновековен град.
Стјуарт Вилсон купил земја во Јужен Велс бидеќи верувал дека таму се крие важен дел од норманската историја. Неговото верување се исполни кога бил откриен средновековниот град “Trellech”, пишува Dailly Mail.
Се претпоставува дека градот датира од 13 век и дека во него живееле околу 10.000 луѓе.
Ф.Г.