Наскоро во Европа ќе се патува со помош на капсула која ќе биде побрза од авион

hodnik-ff-600x400

Компанијата “Hyperloop Transportation Technologies” потпишала договор со владата на Словачка кој ќе резултира со неверојатно брз транспорт меѓу некои градови на средна Европа. Овој транспорт се очекува да биде многу побрз од авионскиот.

“Hyperloop” се обврзале дека ќе го истражат потенцијалот за изградба на истоимениот систем за брз транспорт кој би служел за превоз на патници меѓу Братислава, Виена и Будимпешта.

Потсетуваме дека “Hyperloop” претставува концептуален транспортен систем кој би требало да заживее во Калифорнија, а кој се заснова на подвижна капсула во внатрешноста на голема цевка, каде драстично е намален воздушниот притисок, што овозможува брзо движење.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.