Населеното место Беровци наскоро ќе добие градинка

1

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Градоначалникот Марјан Ристески при вчерашната посета на министерот Спасов го посетија објектот во кој во населеното место Беровци со реновирање и адаптирање треба да прерасне во детска градинка.
– Министерството за труд и социјална политика ќе инвестира во опремувањето на просторот. Исто така, државата во Прилеп ќе инвестира за нова детска градинка со капацитет за 250 деца, посочи министерот Спасов во вчерашната изјава.

2

Градинката ќе поседува канцеларии за персоналот, санитарии за децата и персоналот и влезна партија. Дворното место ќе биде уредено со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор. Со ваков инфраструктурен зафат ќе им се олесни работата и децата и на родителите од населеното место Беровци. Градинката во Беровци ќе може да згрижи околу 15-тина деца

3

4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.