Жителите на населбата „Бончејца“ во Прилеп бараат Општината под итно да превземе мерки и да го дислоцира дивиот пазар кој се наоѓа веднаш до железничкиот премин. 10-тина камиони со препукции на зеленчук и овошје го имаат запоседнато целиот дел од двете страни на железничката пруга. Жителите реагираат дека повеќе не се издржувало од гужвата и миризбата која секој ден се ширела низ населбата, јавува ИнфоКомпас.
„Ова повеќе не се издржува. Миризба од скапан зеленчук и фекалии се шират на сите страни. Пазарџиите уринираат пред зградите. Нејасно е зошто и покрај нашите негодувања и апели досега Општината не превзема ништо. Див пазар функционира без никаква контрола. А бидејќи камионите се паркирани на самата раскрсница каде има и железничка пруга само прашање на време е кога ќе се случи сообраќајна несреќа“, велат жителите на населбата.
Целата фото галерија можете да ја погледнете ТУКА.