НАСА има сонда која ја истражува месечината на Јупитер и која пронашла џиновски “воден столб” т.н. гејзер, кој избил од ледената површина и постигнал висина од 150 километри.
Откритието на леталото наречено Галилео ги воодушевило истражувачите, па сега тие сметаат дека Европа (месечината на Јупитер) е идеално место на кое би можело да се развие живот надвор од Земјата. Овој природен сателит на Јупитер е еден од четирите кои ги открил Галилео Галилеј во 1610 година. Природните сателити на Јупитер кружат околу планетата, а до сега откриени се вкупно 67.