Kaмпањата за престојниот референдум на 30-ти септември е во полн ек. Владините функционери и членството на СДСМ е присутно на терен и ги убедуваат граѓаните да излезат на референдумот за промена на државното име.
Од многуте пораки кои деновиве осамнаа низ сите градови во државата, ја забележавме и оваа испишана на еден билборд во центарот на Прилеп.
На неа пишува: “Македонскиот јазик ќе биде официјален во семејство од 500 милиони жители”.
Koга веќе сме тука, ова е уште поголема лага и од онаа за бесплатно здравство во ЕУ за сите македонски граѓаните….
Македонскиот јазик е признат како таков од страна на Обединетите нации, на третата по ред Конференција за географските имиња, која се одржала од 17 август до 7 септември 1977 година во Атина.
Сите документи од оваа Конференција можете да ги погледнете ТУКА.
Се поставува прашањето зошто некој со народни пари ги лаже граѓаните и истакнува се’ и сешто по скапи билборди!?