Колумбиското полициско куче Сомбра (Сенка), е женка која за време на службата открила рекордна колична на дрога. Сомбра сега добила преместување поради безбедност.
Полициски извори дознале дека нарко-картелот “Урабенјо” нуди 70.000 долари за главата на ова куче, затоа што им открила 10 тони кокаин, пренесува “Би-Би-Си”.
Kaртелот Урабенјо се смета за најмоќната криминална организација во Колумбија.
Colombian sniffer dog moved after threats by drug gang https://t.co/XFbW3oN7m0
— david roche (@daithideroishte) July 26, 2018
Сомбра, е германски овчар, а сега е преместена од територијата на тој картел на аеродромот во Богота. 6-годишната Сомбра била и на атланската обала, вклучувајќи го и градот Турбо, град од кој тони кокаин со глисери, а понекогаш и со импровизирани подморници се испраќаат во САД.
Минатата година открила 5,3 тони кокаин во Турбо, а неодамна надушкала уште 4 тони дрога помеѓу авто делови за извоз.