Младиот пинг-понгар на ППК Младост 96 од Прилеп, Мартин Ристески, продолжува да реди успеси и да ја полне витрината со медали и пехари.
На турнирите кои викендов се одиграа во Берово, младиот прилепчанец се закити со две нови први места, и тоа:
Прво место на турнирот за млади кадети до 13 годишна возраст, како и прво место на турнирот помеѓу осумте најдобри млади кадети од Македонија.
На ранг листата од Прилеп се најдоа и Трајче Маркоски кој беше третопласиран и Огнен Илиески, кој заврши на осмата позиција.
Нареден предизвик за Мартин ќе биде Европското првенство во Букурешт, Романија, каде патува на 23.05.
На турнирот во романската престолнина, нашиот Мартин ќе патува како репрезентативец на Македонија за деца до 13 години, и како единствен претставник од Македонија во придружба на селекторот Сашко Богатинов, а под покровителство на Пинг-понгарска федерација на Македонија.
Ова за него ќе биде прв натпревар од највисоко ниво, па очекувањата за голем успех не се големи, но сепак е голем почеток за иден спортист, кој освојува речиси се’ што може да се освои досега во Македонија, а одличен е и на балканските турнири. Пинг-понгар кој Прилеп го чекаше повеќе од 25-30 години.
Да му посакаме среќа и уште многу успеси во иднина!