Наредени како колетчиња! 12 новороденчиња во прилепската болница “Борка Талески” (ФОТО)

Се повеќе мајки се одлучуваат своите принови на свет да ги донесат во прилепската болница “Борка Талески”, а причина за тоа е стручноста и посветеноста на тимот во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија. Од болницата денеска на социјалните мрежи објавија фотографии од 12 новороденчиња.

-Нашите дванаесет новороденчиња и нивните мајки а воедно и вработените во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија ви посакуваат убав ден. Денес, едно новородено бебе испраќаме дома а уште две се на пат. Нашето одделение работи 24/7 со специјалисти гинеколози и специјалисти неонатолози. На нашите пациентки им благодариме на довербата а на новороденчињата им посакуваме среќно и безгрижно детство и сè најубаво во нивните семејства – напишаа од прилепската болница на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.