НАПРЕД МАРКО! Цела Македонија е со тебе! Охридскиот херој го започна маратонот долг 64 километри (ВИДЕО)

Малиот Марко Пејчиновски предмалку го започна својот нов подвиг.

Марко ќе плива цели 64 километри во водите на Охридското езеро, а неговата траса ќе се движи до Св. Наум, потоа до Струга и ќе финишира во Охрид утре на големиот христијански празник „Успение на пресвета Богодорица“.

Подвигот на Марко Пејчиновски е дотолку поголем ако се има предвид фактот дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Марко плива за лицата со ретки болести, за што беа испечатени и маички, а средствата добиени од продажбата на истите ќе бидат донирани токму за овие лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.