Направете чудо од бајат леб: Ова морате да го пробате (Рецепт)

Потрбени состојки: 10 лебчиња, 10 парчиња месо (може да биде чајна, сланина кулен), две лажици павлака или јогурт, 100 грама сирење, 200 грама моцарела, малку лук во прав, оригано.

Подготовка: Отсечете ги врвовите на лебчињата. Издлабете ја средината и притискајте го сирењето на краевите заедно со павлака и јогурт. Внатрешноста обложете ја со сланина, па потоа повторно додадете сирење и лук во прав, а на самиот крај додадете ја и моцарелата. Ставете малку оригано и ставете го врвот на лебчето.

Наредете ги лебчињата во плех и оставете ги 15 до 20 минути на 200 степени во рерна, додека не се стопи моцарелата, а кората да стане фино крцкава.

Уживајте!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.