Втора година портал “Маркукуле” и цвеќарницата “Мартина” заеднички го честитаа меѓународниот ден на жената “Осми март”, пренесувајќи насмевки и позитивна енергија низ центарот на Прилеп.
Нашиот гест ги воодушеви прилепчанки кои беа пријатно изненадени.
Осми март е денот кога се одбележува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност. На овој ден треба да се поклонеме на нејзиното височество жената, да се потрудиме да изнудиме насмевка, да изненадиме и со многу љубов да им ја доловиме целата почит на овој свет, која ја заслужуваат.
Направете го овој ден посебен за секоја жена, мајка, баба, тетка, братучетка, девојка …, но не заборавејте дека и секој нареден ден е вреден да донесе насмевка на нивното лице.
Посакајте им љубов, здравје, среќа, подарете внимание и кажете им дека тие се причина плус зошто животот е убав, а вашата среќа бескрајна.
Благодарни сме на нашиот партнер, цвеќарницата “Мартина” од каде несебично и оваа година ја поддржаа нашата иницијатива. Цвеќарницата се наоѓа во старата чаршија и е една од најснабдените и најуредените цвеќарници во Прилеп. Тие се причината за илјадници уникатни декорации и причина плус за моментите кои се случуваат еднаш во животот да бидат посебни.