Напорен ден за битолската полициja: Eден нелегално поседyвал opyжje, друг се заканyвал на братот и мајка си, трет бил агpecивен кон полициcки cлyжбеници

Извадоци од дневниот билтен на МВР

-На 07.05.2022 во 19.45 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници до СВР Битола го лишиле од слобода Ј.У.(31) од Дојран затоа што кај него бил пронајден пиштол непозната марка и една празна рамка и затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 07.05.2022 во 10.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.П.(34) од Битола затоа што со остар предмет се заканувал на неговата мајка и неговиот брат. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 07.05.2022 во 13.45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Љ.Н.(63) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.