Наполнете си резерви! Жителите од овие прилепски населби од утре ќе имаат нарушено водоснабдување!

Соопштение од ЈКП Водовод и канализација Прилеп:

-Почитувани сограѓани,
Ве известуваме дека поради поголем технички зафат на главниот цевковод ф400 со кој со вода се снабдуваат жителите од високата зона на градот, населбите Тризла, Под кули, Марино мало и Рид ќе имаат нарушено водоснабдување на ден 23.07.2024 (вторник) во период од 07:00 часот па се’ до завршување на активноститe.Замолуваме на трпение и разбирање од страна на жителите од наведените населби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.