Напаѓачот Дејан Цветаноски ја засили Победа

13649627_10209901375034991_857077543_n

На денешниот претпладневен тренинг на фудбалерите на Победа се приклучи и најновото засилување, напаѓачот Дејан Цветаноски. 26- годишниот Цветаноски (183 цм), доаѓа од битолски Пелистер каде настапуваше пролетната полусезона, а беше стрелец на единствениот гол на вториот бараж натпревар, во кој Пелистер го совлада Турново. Цветаноски потекнува од школата на Напредок Кичево, каде и се афирмира, настапувајќи во Првата лига, а во кариерата настапувал уште за прволигашите Турново, Тетекс, и Младост Царев Двор. Во досегашниот тек на преодниот рок (кој завршува на 31 август), Победа ги ангажира:Ристе Илиоски и Александар Ристевски од Младост Царев Двор, Давор Талески од Брегалница, Дарко Илиоски, кој претходно настапуваше за Металург и Димитар Иванов од Тетекс, а на првиот тим е приклучен и најталентираниот прилепски млад фудбалер-репрезентативецот Лука Трајкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.