За време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“ синоќа во 21:00 часот во хотел во Прилеп, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.
Како што соопшти МВР, сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож.
Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.