Намирници кои помагаат полесно да се справите со мамурлакот

Дочекот на новата година, често знае да биде пропратена со неколку чашки од омилениот алкохол.

Оние што имаат мера, знаат кога да престанат со пиење, но за оние кои малку претерале, еве неколку совети како да се справите со главоболките и мачнините следното утро.

Иако нема да Ви се пие, потребно е уште од самото утро или подобро – уште од самата вечер, да внесете доволно количина на вода во организмот. Водата ја спречува мачнината и надуеноста и помага во одржување на хидратацијата која е важна кај консумирањето на алкохол.

Кога се борите со мамурлак, најдобро е да ги исфрлите сите токсини од телото од претходната вечер. Консумирајте свежо цедени сокови кои ќе Ви дадат енергија во текот на целиот ден и ќе ги спречат сите симптоми кои настануваат следното утро. Сокот од лимон и портокал помагаат да се чувствувате свежо, додека пак сокот од боровница и брусница му помагаат на телото побрзо да ги исфрли сите токсини од алкохолот.

Понекогаш е тешко да станете од кревет и да појадувате доколку сте мамурни, па затоа е најдобро да изедете банана која покрај тоа што ќе Ве засити, нејзината хранлива вредност ќе Ви ја врати енергијата.

Покрај овошјето можете да јадете и зеленчук, како на пример краставица која содржи многу вода.

Доколку се работи за сериозен мамурлак, тогаш е најверојатно дека нема да станете од кревет цел ден. Иако нема да имате апетит, најдобро е да не ги прескокнувате оброците, бидејќи на тој начин ќе Ви биде уште потешко да го излечите мамурлакот. Збогатете го ручекот со интегрален ориз кој е богат со витамин Б, за да се чувствувате подобро. Во текот на денот имајте помали оброци, но јадете почесто за да не го оптоварите желудникот. Можете да конзумирате бадеми или ореви кои се богати со протеини и витамин Е.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.