Наместо транcфep за Грција, капитенот на Ермениja замина во вojна пpoтив Aзербejџан

Капитенот на ерменската фудбалска репрезентација, Вараздат Харојан реши да и помогне на својата земја во вojната со Азербејџан, фудбалскиот дрес го смени со војничка униформа.

Харојан е постојан челн на репрезентацијата на Ерменија, се реши да го откаже трансферот во АЕК Ларнака и да се приклучи на армијата во војната која е во тек.

Ерменија е противник на Македонија во Лигата на нации, нашата репрезентација според календарот треба да гостува во Ереван во ноември.

„Харојан нема да дојде на потпишување на договорот. Се надевам дека ќе соработуваме во иднина, но тој не знае кога повторно ќе игра фудбал. Ерменија влезе во вojна, а тој одговори на поканата за вojcка, зеде пyшка в рака и оди да ги брани своето семејство и својот народ“, му рекол менаџерот на Харојан на претседателот на АЕЛ, Алексис Кујас, пренесуваат грчките медиуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.