“Наместо повисоки пензии, сакале нов Устав, е тоа e македонската Партија на пензионери?!”

Извршниот одбор на Партијата на пензионери (ПП), на седницата одржана на 10.11.2018 година, ја потврди определбата на партијата за одлучно настапување со цел забрзување на процесите кои ја обезбедуваат евроатланската интеграција на Македонија.

За Партијата на пензионери не постои друга алтернатива, ниту опција, со која може да се надмине најзначајната пречка на стратешката определба на земјата за зачленување во НАТО и ЕУ и истовремено да се зацврсти националниот идентитет, да се потврди македонскиот јазик, пред се од и кај соседите, долгорочно да се осигура просперитет, стабилност и услови за квалитетни реформи во земјата, освен брзо прифаќање и применување на стандардите, критериумите и принципите на владеење кои се практикуваат во земјите членки на НАТО и ЕУ.

Поради тоа, Извршниот одбор на ПП дава недвосмислена подршка за успешно завршување на отпочнатиот процес, во Собранието на Република Македонија, за донесување на уставните амандмани и измени на Уставот во склад со Преспанската спогодба.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.