Битола го заслужува епитетот ракометен град – Реваз Чантурија открива зошто.
„Еве зошто Македонија има најдобри ракометари/ки! Наместо Тик-Ток се игра ракомет на асфалт“, ова го напиша ракометарот Реваз Чантурија, грузиски репрезентативец кој моментално игра за РК Прилеп.
Видеото е снимано во дворот на училиштето „Коле Канински“ во Битола, каде теренот многу често се користи од страна на децата. Ракометот отсекогаш бил и ќе биде спорт број еден во Битола, а токму овие снимки го покажуваат тоа – пишува порталот “Шеталиште”