Наместо кај еурокомпозитци, Анѓушев и Сугарески заминале во Општина Прилеп каде ништо не се случува?!

Во текот на вчерашниот ден во посета на општина Прилеп беа вице премиерот Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Посетата според кратката информација на веб страната од општината била искористена наводно за разговор за економски теми, без притоа конкретно да се наведе за што точно Анѓушев и Сугарески се виделе со градоначалникот.

Комфорот на фотељите во општинската зграда се чини бил попривлечен за високите претставници на власта, кои наместо таму можеле да ги посетат вработените во прилепски Еурокомпозит и да поразговараат за ветената исплата на плати.

Околу 200 вработени во овој загубар секојдневно молат и бараат помош за егзистенција. Откако пред околу месец ипол добија по една плата, сега одново се соочуваат со истиот проблем.

Ветената редовна исплата на платите одново е запрена, а вработените во компанијата најавија дека ќе учествуваат на денешниот “Првомајски марш” во главниот град, а потоа ќе се упатат пред Владата, каде веројатно ќе постават и шатори.

Тие деновиве очајно бараат од Анѓушев, Заев, па и Сугарески решавање на нивниот горлив проблем и редовна исплата на заработените средства.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.