Додека во некои од општините се дезинфицираат и перат јавните површини, градоначалникот на општина Прилеп засега предлага само скудни мерки?
Во Берово и Кочани се затворени пазарите, а во Куманово и Струмица комуналците ги дезинфицираат и перат плоштадите и останатите јавни површини.
Во продолжение го пренесуваме и денешното соопштение од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски:
Почнувајќи од денеска, се задолжуваат сите стопански субјекти на територијата на општина Прилеп кои имаат обезбеден сопствен превоз за своите вработени, да се врши дезинфекција на превозните средства, повеќекратно во текот на денот и веднаш да се изврши редуцирање на редоследот на седење на вработените во автобусите, минибусите и останатите превозни средства со кои располагаат стопанските субјекти.
Во продолжение, се’ уште важат и ќе продолжат да важат мерките на претпазливост дадени од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.
Оваа мерка стапува на сила веднаш, со цел да се заштити населението на територија на општина Прилеп од COVID-19 (корона вирус). Градоначалник на општина Прилеп,
Илија Јованоски
Еве како во Струмица превентивно постапуваат против коронавирусот: