Фејсбук статус на Евгенија Здравевска (Зарина Првасевда)
“Наместо да одбирате луѓе кои поминале претешко со Корона и да ги интервјуирате на вести и национални канали за да ги плашите луѓето, зошто побогу не земите да викнете луѓе кои прележале Корона (со симптоми) кои освен кашлица, пневмонија и температура немале ништо други посебни нус ефекти и да објаснат како им било?
Еве јас познавам најмалку 3-4 ца и неколкумина од блиското семејство, кои го поминаа грипот, кои мислам дека не би имале проблем да застанат зад камера? Зошто селективно пристапувате кон вистините и го пласирате тоа како да е апсолутна вистина?
Луѓето ионака се во анксиозност и депресија подолго време со оглед на економската ситуација која ја живееме и онаа која допрва доаѓа… Не е ли попаметно и похумано наместо страв и забрани, да посеете малку надеж, малку утеха? Имајте милост.
Факт е дека некои луѓе ќе починат од последици од Корона, тоа ни мене не ме исклучува. Но, сите ние еден ден ќе преминеме од другата страна на линијата, заради нешто, кој до каде што ќе биде – до таму, може ли да ни дозволите ако ова ни се последните денови да ги одживееме слободни ( нормално, при тоа грижејќи се да не пренесеме зараза и почитувајќи ги здравите мерки за заштита : растојание, чисти раце)? Или не?
Ќе не пребројувате по дома, ќе ни го ограничувате кислородот 24/7 (со маски), ќе ни ја кратите музиката и уметноста, гласноста со која говориме, ќе ни го ограничувате просторот во кој смееме да се движиме , ќе не казнувате, забранувате да работиме со тоа не терате да живееме во сиромаштија и сл.? Не е ли тоа третман на глувците пред хемиска лабараторија и пост ефектот на вбризганиот реагент? Не е ли ова полоша живејачка од самата смрт? Не е ли ова пеколот на земјата? Немате право тоа да го правите. Слободата е бесценета.
Многу луѓе ќе починат како последица од стресот и притисокот што го живејат, некои од канцер и хроничните болести што ги имаат, а вие не им давате приоритет и за тоа нема простор за дискусија ама што е важно тоа. Важно е 70 пати во денот со најсилен интензитет да се зборува колку нови заболени и починати има, колку е страшно, кога ќе не ставате на клуч и слично. Тоа се испробани рецепти за сигурна болест и смрт, а вие тоа го знаете и го правите слободно и без ронка грижа на совест. Пред очи ни ги труете и трауматизирате децата, обврзувајќи ги дека 7 саати додека се во училиште не смејат да ги вадат маските.
Еј! Не се дрзнувајте! Не си играјте со нашите животи зад параванот дека многу се грижите за нашето здравје и добросостојба.
П.с. Ве молам без коментари со говор на омраза и политички конотации. Благодарам”.