Намалете ги трошоците: Трикови за смалување на сметките за струја

 

Со промената на некои навики во домаќинството можете значително да заштедите на струја без стандардот на живеење воопшто да ви страда поради тоа.

Struja-uticnica

Главните потрошувачи на струја во домаќинството се клима уредот, печките, електричниот шпорет, пералните.

На клима уредот најлесно се заштедува така што ќе ја смалите температурата на ладење. Само еден степен заштедува и до 3% енергија. Исто така, ако алиштата ги перете на 40 наместо на 60 степени, ќе трошите напола помалку енергија. Доколку го исклучувате шпоретот неколку минути пред крајот на припремањето на храна, заштедувате, бидејќи храната и понатаму се приготвува додека уредот се лади.

Да заштедите можете и ако ги намалите стварите кои ќе ги пеглате. Веројатно не сакате да одите згужвани, но не е потребно да ја пеглате постелнината и кујнските крпи.

Ладилникот и замрзнувачот исто така трошат многу струја, затоа што цело време работат. Иако не можете да ги исклучите, можете да заштедите ако малку ја смалите температурата на ладење.

Штедните или LED светилките трошат и до 80% помалку струја од обичните, а траат десет пат повеќе.

  1. Планирајте

Кога можете, припремајте оброци за два, три дена одеднаш.

  1. Исклучувајте ги апаратите

Не оставајте ги уредите на чекање туку исклучете ги од струја. На пример телевизорот и понатаму троши 24% енергија иако е угаснат. Се проценува дека околу 6% струја во домаќинството се губи од уредите кои се ставени на ‘stand by’.

  1. Внимавајте на температурата

Внимавајте вратата на ладилникот да не ви биде предолго време отворена, затоа што ќе мора повторно да ја лади внатрешноста, а тоа не може без додатно трошење на енергија.

  1. Ладилникот на најладно место

Ставете го ладилникот на најладното место во вашиот дом. Пазете да не се изложува на сонце и светлина. Ладниот простор резултира со помало трошење на струја, затоа што степен помалце на кој ладилникот треба да лади значи и смалување на потрошувачката на струја и до 6%.

  1. Приклучете ја машината за перење алишта на топла вода

Ако е возможно, приклучете ја машината за перење алишта, како и онаа за перење садови, на доводот со топла вода, затоа што тие уреди најмногу трошат на затоплување на водата.

  1. Внимавајте на големината на садовите

Големината на садовите прилагодете ги на количината на храна која ја приготвувате. Ако храната ја ставите во преголем сад, ќе потрошите и повеќе енергија.

7. Исклучувајте го компјутерот

Кога не го користите секогаш исклучувајте го компјутерот. Ако веќе мора да биде уклучен, исклучете го само мониторот.

  1. Не ги оставајте полначите во штекер

Некои полначи за мобилни телефони, лаптопи, таблети …. продолжуваат да трошат струја и откако ќе ги исклучите од уредот кој сте го полнеле. Затоа извадете ги после користењето.

  1. Пократко туширајте се

Смалете го времето за туширање на помалку од 5 минути. Избегнувајте и капење во када, затоа што со туширање трошите и до пола помалку енергија, отколку со капење.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.