Наздравје! Ковачевски:”Ќе има проблеми со набавка на мазут, можно е да нема доволно струја зимоска”

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања денеска во Собранието рече дека земјата ќе се соочи со предизвик да набави мазут за производство на електрична енергија за време на следната зима.

– Веќе има недостаток на мазут на европскиот пазар, особено во јужна Европа како што таков проблем има Словенија. Не чека незивесна зима за снабдување со гас, кој е потребен во индустријата и за затоплување, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека е можно за време на зимата да ја нема електричната енергија во доволни количини.

– Најтешката зима е поради нападот на Русија на Украина и сите проблеми кои се случија со зголемувањето на цените на нафтените деривати и електричната енергија, која ќе ја нема во доволни количини за време на зимскиот пеирод. Тоа е заклучок на екепсерти со светско реноме.

При ребалансот за 2022 ги имавме овие факти во предвид и затоа со ребалансот има 76 милиони евра за антикризни мерки кои се во фаза на подготовка. Со оглед на тоа дека има зголемување на цените на храната и инпутите како ѓубривата и житото, 32 милиони евра се определени за зголемување на домашното производство на храна“, нагласи Ковачевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.