Назад во Среден век: Ќе се воведува казна и за изразено негативно мислење?

Би рекле Среќна нова 49-та ама ова е враќање многу поназад. Добредојдовте во Среден век. Владата предлага промени на Законот за граѓанска одговорност за тоа дека граѓаните можат да бидат санкционирани и за негативно мислење? Се воведува нов вид на вербален деликт?

Само фалете ја власта дека ве усреќува и нема никогаш да ве тужат за клевета. Ова е коментарот на адвокатот Александар Тортевски, еден од основачите на партијата Твоја. Тој го коментира предлогот на Владата за промени на Законот за граѓанска одговорност за тоа дека граѓаните можат да бидат санкционирани и за негативно мислење. Ова е обид за воведување на еден нов вид на вербален деликт.

Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета, пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негатиивно мислење“.

Ова значи дека граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, на пример за работата не некој владин министер, функционер, градоначалник…

На овој предлог вчера реагираше и адвокатот Јанаки Митрoвски, кој вели дека ова не е ништо друго освен цензура на мала врата.

-Новиот предлог да се одговара за навреда и за ‘негативно мислење’ не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро – оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура – оп навреда. Кои латентни нацисти сте Вие!, пишува за предлогот на владата адвокатот Митровски.

Овоj предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета го предлага Владата, преку Министерството за правда, деновиве влезе во собраниска процедура.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков потврдува дека во Собранието од Министерството за правда пристигнал предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и на Фејсбук реагираше во неверица:

-Власта бара за НАВРЕДА да СЕ ОДГОВАРА и со изразување на НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ! Одговорност за мислење? Што е следно полиција за мисли?, прашува Лефков.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.