ЈКП „Комуналец“ од Прилеп е вистински пример како треба да функционира едно јавно претпријатие. Со домаќинското работење, иновативноста и упорната работа ова јавно претпријатие во изминативе години прерасна во една целина која вклучува повеќе дејности и посебни делови кои функционираат според сите европски стандарди.
Еден од најголемите проекти кои се гордост на ова јавно претпријатие е секако селекцијата на отпадот. Прилеп стана единствениот град во Македонија со спроведена примарна селекција на отпад. За оваа намена ЈКП „Комуналец“ има инвестирано околу 18 милиони денари, од сопствени средства и има распределено 15.460 корпи за отпадоци, кои се поделени на околу 65 проценти од домаќинствата во Прилеп.
Освен позитивниот еколошки аспект на овој проект, тој сепак носи и одреден финансиски бенефит за „Комуналец“ Прилеп. Само во последните неколку месеци примарната селекција на отпадот е зголемена за околу 30 проценти. А од 2010 година до денес ЈКП „Комуналец“ има продадено селектиран материјал за над половина милион евра.
За оваа намена исто така во периодот од 2008 до 2015 година се изградија 400 еколошки острови, каде се постијавија околу 1.200 контејнери за селекција на отпадот, инвестиција од наши сопствени средства која чинеше 15 милиони денари.
Исто така во периодот од 2008 до 2013 година, со наши сопствен и средства набавивме преси за селекција на отпадот, а се изградија и мини хали, инвестиција која чинеше 2 милиони денари.
Но не застанавме тука, така што во 2013 година набавивме и линија за секундарна селекција на отпадот, која не чинеше 14.695.000 денари. Линијата треба да биде монтирана во халата за секундарна селекција на отпадот која наскоро треба да започне да се гради кај депонијата „Алинци“. За изградба пак на оваа хала и за изградба на компостара, која исто така планираме да се гради кај депонија, откупивме приватно земјиште во висина од 3.500.000 денари.
За да собирањето на отпадот функционира без никакви проблеми секако потребна е современа механизација и континуирано обновување и модернизирање на возниот парк за што беа инвестирани 50 милиони денари
Прилеп доби современ царински терминал, инвестиција тешка 24 милиони денари. Терминалот беше изграден од темел, во чиј состав влегуваат царинска хала, управна царинска зграда шпедитерски куќички, контролна кула, асфалтирање на површината, поставување на водовод и канализација, електронска вага и електронски рампи.
Како Јавно претпријатие се вклучивме во изградба на тротоари со бехатон плочки и во периодот од 2010 до 2014 година поплочивме 40 илјади метри квадратни, инвестиција која не чинеше 12 милиони денари.
Како новина, која исто така ја немаат други градови во Македонија па и пошироко, беше изградбата на бунари за технолошка вода за полевање на парковиските површини за да не се троши пивката вода. Во периодот од 2007 до 2014 година избушивме 23 бунари со инсталирани системи и спроведена линија за технолошка вода со вкупна инвестиција од 20 милиони денари.
За крај тука би го споменал исто така капиталниот проект за градот, а тоа е изградбата на капела во 2014 год, која чинеше 25 милиони денари и се изгради како заеднички проект на ЈКП „Комуналец“ и Локалната самоуправа. Таа е проектирана по сите норми и стандарди за изведба на објекти од ваков карактер. Изградена е на парцела од 4.500 м2 со градежен и 1.000 м2 со корисен дел, додека пак 750 м2 отпаѓаат на урбанизираното плато пред капелата. Во Капелата можат да се одвиваат 4 погребални церомонии истовремено, а внатрешниот ентериер е осмислен да ги задоволува сите потреби за верските обреди и погребални церемонии.
Во 2009 година на новите градски гробишта се постави и асфалт во вредност од 4.500.000 денари и комплетно се средија гробиштата во интерес на сите граѓани.
СИТЕ ОВИЕ НАБРОЕНИ ИНВЕСТИЦИИ, КОИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ ОД 2005 ДО 2016 ГОДИНА ЗАЕДНО ЧИНАТ ОКОЛУ 188.500.000 ДЕНАРИ ИЛИ ОКОЛУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА, НАШИ СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА НА ЈКП „КОМУНАЛЕЦ“, КОИ СЕ ОБЕЗБЕДИЈА СО ДОМАЌИНСКОТО И РЕДОВНО РАБОТЕЊЕ, КАКО И СО ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ КОИ ГИ РАЗВИВАВМЕ НИЗ ГОДИНИТЕ.
Општина Прилеп заедно со ЈКП „Комуналец“ во последните 12 години изгради рекордни 200.000 м2 нови парковски површини. Градот доби еден современ и урбан лик каков што немал досега во историјата на неговото постоење. Центарот на градот, секоја населба и маало, добија разни парковски површи и детски игралишта кои се место каде сега граѓаните го поминуваат своето слободно време. Комплетно се средија парковските површини во центарот на градот и зелените површини на плоштадите „Методија Андонов Ченто“, „Александрија“ и „Цветните патеки“ околу Градскиот часовник.
Со инвестиција од 15 милиони денари во текот на 2006 и 2007 година се реконструираше комплетно Паркот на Револуцијата – Могилата кој сега претставува вистинска гордост на Прилеп. Претходно овој парк беше едно од најзапуштените и најруинирани места во градот, а денес тој претставува вистински симбол на убавина и амблем на градот.
Се изгради парк со површина од 10.000 м2 по целата должина на улицата „Петта Прилепска Бригада“, во должина од 1 км. Таму се поставија и оградија 12 детски игралишта со урбана опрема : нишалки, клупи и корпи за отпадоци. Инвестицијата за овој парк чинеше 9 милиони денари, а оваа улица прерасна во прекрасна авенија.
Се изгради паркот кај Основниот суд во населбата Бончејца. Ова е еден од најубавите паркови не само во Прилеп туку и во Македонија. Се простира на површина од 3.000 м2, каде има едно детско игралиште, езерца, мостови, куќарки со скали поставени на дрвја, летниковци, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. Изградбата на паркот чинеше 3 милиони денари.
Во 2010 година се изгради парк во Димо Наредникот од 5.000 м2 со поставени 4 детски игралишта, со урбана опрема : нишалки, клупи и корпи за отпадоци како и кошаркарско игралиште, со фонтани и водоскоци. Инвестицијата чинеше 5 милиони денари.
Наредната 2011 година истата населба Димо Наредникот доби уште еден парк со површина од 4.000 м2 со 4 детски игралишта кои ја имаат целокупната потребна инфраструктура за површини од ваков карактер. Инвестицијата чинеше 3.600.000 денари.
А во наредните 2012 и 2013 година, населбата Димо Наредникот го доби и третиот парк со површина од 2.000 м2, каде има поставено детски играчки и детски содржини, клупи и корпи за отпадоци, а се реконструираше и кошаркарското игралиште. Целата изградба чинеше 1.500.000 денари.
Средишниот појас на улицата Димо Наредникот хортикултурно се уреди и се изградија водени површини и фонтани.
Наспроти хотелот Липа се уреди просторот пред зградите на Булеварот „Гоце Делчев“. На површина од 2.500 метри квадратни се изградија зелени површини и три детски игралишта, со што оваа катче стана вистинско место за уживање. Инвестиција вредна 1,2 милиони денари
Населбата „Точила 1“ го доби еден од најголемите паркови во Македонија кој се простира на површина од цели 25.000 м2, инвестиција вредна 14 милиони денари. Паркот опфаќа спортско рекреативни терени за кошарка, одбојка и мал фудбал. Направен е комплекс од водени и зелени површини, урбана опрема и осветлување. Комплексот е збогатен со 8 отворени детски игралишта и сите зелени површини се полеваат со технолошка вода од избушените бунари
Нов парк доби и населбата „Точила 2“, кој се простира на површина од 15.000 м2. Паркот до крај на месец мај треба да се доуреди помеѓу зградите до ООУ „Блаже Конески“. Инвестиција вредна 5 милиони денари
Се изгради парк и во Типската населба, на површина од 3.400 м2. со детски содржини и спортски комплекс за мал фудбал и кошарка. Инвестиција вредна 1 милиони денари
Нов парк добија и зградите под касарни со површина од 1.500 м2, инвестиција тешка 1.500.000 денари
Во 2016 година започна изградбата на нови парковски површини и во населбата Бончејца, кој се простира на површина од 2.000 м2, инвестиција од 2 милиони денари
Оваа година ќе продолжиме со уредување на зелени и тротоарни површини како и поставување на урбана опрема. А ќе се продолжи и со одржување на зелените површини на целата територија на град Прилеп.
ВКУПНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗА СИТЕ ОВИЕ ПАРКОВИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 2005 ДО 2016 ГОДИНА ИЗНЕСУВААТ 61.700.000 ДЕНАРИ ИЛИ ОКОЛУ 1 МИЛИОН ЕВРА. СО ТОА ПРИЛЕП СТАНА ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ, НАЈЗЕЛЕНИ И НАУРЕДЕНИ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА.
Освен овие поголеми паркови беа изградени и маалски паркови со детски игралишта и тоа во следните населби: „Ѓогдере“, „Здравствениот дом“, „Чачорица“ населбата „Сточен пазар“, парк во „Спиро Забрчанец“, „Варош“ со реновирано детско детско игралиште до амифитеатарот, Тризла. Паркови исто така добија и улиците: „Цане Коњарец“ и „Мице Козар“.
Паркови се изградија и во населбата: „Под Кули“, „Могилата“, населбата „Вишне“ „Марино“ и „Врбеско“ маало. Населбата „Тапани“, „Стара техника“, а парковски се уреди и местото околу црквата Св. Благовештение .
Нови парковски површини со детски игралишта добија и населените места: Чепигово, Беровци, Подмол, Лагово, Мажучиште, Селце, Мало и Големо Коњари, Радобил, Канатларци, Кадино село, Галичани и Лагово.
Исто така паркови се изградија и во дворните места на училиштата: СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Добре Јованоски“ , Гимназијата „Мирче Ацев“, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, ООУ „Гоце делчев“, ООУ „Рампо Левката“ и други основни и средни училишта.
ЗА СИТЕ ОВИЕ ПОМАЛИ ПАРКОВИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА КОИ СЕ ПРОСТИРААТ НА ПОВРШИНА ОД ОКОЛУ 30.000 М2, БЕА ИНВЕСТИРАНИ ОКОЛУ 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, СО ШТО СЕ ПОСТИГНА СЕКОЈ ДЕЛ ОД ГРАДОТ ДА БИДЕ СРЕДЕН И ДА ДОБИЕ КАТЧЕ ЗА ОДМОР КАКО ЗА ПОМЛАДИТЕ ТАКА И ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ.
Од 2011 до 2016 год набавени и поставени во домаќинствата се 15.460 корпи за отпадоци, во вредност од околу 18.500.000 денари. Поставени се и 1.200 контејнери на над 400 пунктови на јавно – прометни површини. Исто така конечно се реши деценискиот проблем со депонијата кај Алинци кој беше вистинска рак рана во минатото и сега Прилеп ја има една од најуредените депонии во Македонија.
Но нема да застанеме тука и оваа година ќе имаме инвестиции во поглед на раззеленување и раззубавување на Општина Прилеп. Во соработка со ЈКП „Комуналец“ за оваа година предвидени се неколку капитални проекти.
- Изградба и доградба на фабрика за секундарна селекција на отпад, до депонијата Алинци. Вкупна финансиска конструкција на инвестицијата е предвидено да чини 60 милиони денари, од кои во оваа тековна 2017 година ќе се инвестираат околу 22 милиони денари. Тоа значи дека ќе биде изградена хала, за која тендерот е веќе поминат и во која ќе биде поставена линијата за секундарна селекција на отпадот вредна околу 15 милиони денари.Тоа ќе биде прва фабрика во Македонија на едно јавно претпријатије за секундарна селекција на отпад, еден модерен комплекс поврзан со заштита на животната среднина кој ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион и нови вработувања.
- Во 2017 година ќе бидат набавени нови 5.000 корпи за домаќинства за примарна селекција на отпад, кои ќе бидат доподелени до сите домаќинства во Прилеп, особено во населбите Тризла и Варош.
- Во втората половина од оваа година ќе бидат поставени и подземни контејнри во централното градско подрачје, околу џамијата, трговскиот комплекс со катна гаража и други критични места.
- Ќе биде доградена и капелата на старите градски гробишта, проект вреден 5 милиони денари. Изградба на капелата е во тек.
- Ќе продолжи изградбата на цркавата Св „Троица“ за потребите на капелата во кругот на новите градски гробишта.
- Во тек на оваа година предвидени се средства и за израдба на нови парковски површини:
- Доградба на парк, комплекс „Точила 2“ со површина од 8 илјади метри квадратни, помеѓу зградите до ООУ „Блаже Конески“
- Во втората половина на 2017 година ќе започне изградбата на пракот „Точила 3“ со површина од 5 илјади м2, позади цркавата Св. Петка, помеѓу зградите
- Доизградба на музички парк во „Врбенско маало“
- Изградба на парк „Ѓордере“ помеѓу зградите
- Ново детско игралиште во населба Рид пред страото училиште „Кочо Рацин“
- Ново детско игралиште во населба Рид во близина на улицата „Мечкин камен“
- Изградба на огромен парковски комплекс со пешачки и водени површини и детски игралишта во населбата „Бончејца“ помеѓу зградите
- Средување на зелени површини и детски игралишта помеѓу зградите до касарните на улица „Васко Карангелески“
- Средување на парк пред театарот и средување на парк Орде Чопела во Варош
- Ќе бидат изградени паркови и детски игралишта во повеќе населени места како : Тополчани, Ерековци, Веселчани и Загорани, а н.м. Канатларци ќе добие плоштад
Ќе бидат засадени повеќе илјади садници во градот, парковски површини и тротоарите низ улиците. Исто така одредени локации ќе бидат збогатени цветни содржини
Нашата зедничка заложба со ЈКП „Комуналец“ ќе биде и понатаму Прилеп да биде најчист и најзелен град во Македонија, збогатен со нови парковски содржини и детски игралишта кои ќе бидат катчиња за вистинско уживање на сите генерации.