Со низа спортски настани, во Прилеп вчера започна чествувањето на Денот на народното востание – 11-ти Октомври. Меѓу овие настани беше и традиционалниот Меѓународен џудо-турнир во пионерска и кадетска конкуреција “Прилеп, град херој – Цевитана куп”.
Tурнирот беше во организација на клубот “Сеишин”, а ова беше 13-то издание. Учество зедоја млади џудисти од седум држави и 30 клубови.
Спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” безмалку беше претесна да ги собере сите 300 натпреварувачи, кои приредија одлични борби и покажаа врвни спортски квалитети.