Во чест на градителот на планинарскиот дом на Селечка Планина, Томе Темелкоски, “Прилепски Планинари Авантуристи” по втор пат организираа планинарска дружба на која присуствуваа над 200 вљубеници во природата од сите краишта на Македонија.
Турата започна од манастирот Св. Димитрија кај село Селце, па преку Домаќинско Чешмуре, Дина Нива, Стогот, Врапчето, врвот Устрелец, споменикот Карпалак и врвот Чуле, планинарите стигнаа до планинарскиот дом “Томе Темелкоски”.
Eдна одлична рута на која имаше многу дружење, а убавото време го олесна искачувањето до крајната дестинација.