Над 2.000 производители на јаболка го блокираа патот Битола-Ресен: Нема пласман, цените не се ниту за преживување (Фото/Видео)

Над 2000 производители на јаболка од Преспанскиот регион над два часа го блокираа патниот правец Битола-Ресен.

Одгледувачите на јаболка од овој регион бараат субвенционирање на индустриските јаболка со по 3 денари за килограм и решавање на слабиот пласман.

Тие побараа средба со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според овоштарите, нивната состојба е многу тешка. Се работи за бројка од над 50.000 тони неоткупени јаболка, за кои цената е премногу ниска.

Според нив нема пласман ниту на индустриското, ниту на трпезното јаболко.

Видео од протестот погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.