На 15 декември, во прекрасниот амбиент на Народниот театар во Битола, Школата за музика и пеење „Korunovska music & singing“ со гордост го организира второто издание на концертот „Пејте со нас“. Овој настан е вистинско славење на музиката, љубовта и заедништвото, инспирирано од Светскиот ден на хорското пеење.
На сцената ќе настапат над 100 деца на возраст од 2 до 16 години, носејќи ја магијата на пеењето во секој тон:
„Беби Sвон“ – најмалите пејачи, на возраст од 2 до 4 години, кои ќе внесат радост и нежност на сцената,
„Ѕвончиња“ – хор со 19-годишна традиција, кој претставува гордост на Битола со својата посветеност и извонредни изведби,
„ПопРокет“ – младите тинејџери кои со енергијата и стилот го носат духот на поп и рок музиката.
Особена чест е што оваа година како специјален гостин ќе настапи Ана Ванчевска, ученичка на школата Коруновска, која достоинствено јсо својот партнер Алексеј, ја претстави Македонија на Детската Евровизија 2024 во Мадрид.
“Светскиот ден на хорското пеење се одбележува секоја втора недела од месец декември, но поради чествувањето на Св. Климент Охридски се одлучивме да го одбележиме е на 15 декември. Минатата година, за првпат во Македонија, овој ден беше одбележан токму во Битола. Со визија за иднината, веќе планираме следната година да создадеме хорски викенд, со учество на хорови од Битола, Македонија и странство, кој ќе биде збогатен со работилници и повеке концерти, со што би создале традиција која и доликува на Битола”, вели Марина Коруновска
Концертот од 19:00 часот е веќе распродаден, а за концертот од 17:00 часот сè уште има билети. Резервирајте на следниот линк: