Во пресрет на големиот христијански празник “Св. Архангел Михаил” поставен е 10-метарски крст во прилепско Новоселани.
Религијата е она што најмногу не сплотува, па таа беше причината, денес голем број граѓани да присуствуваат и да бидат сведоци на овој голем христијански чин. Фасцинира глетката на среќни лица, лица блажени и обдарени со насмевка, лица весели и во исчекување на извршување на големиот христијански чин.
Во присуство на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, господин Петар, семејството Глигороски ја реализираше својата цел.
За оние кои го познаваат семејството Глигороски велат дека тоа се луѓе кои ги почитуваат вредностите на христијанството а овој крст е уште еден доказ за тоа.
Поставувањето на овој крст е продолжување на вековната традиција на Македонците.