Награди за учениците од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ по повод месецот на книгата

15033565_835965059878753_1883068370_n

Како и секоја година така и оваа ЈОУ Градска библиотека„Борка Талески“-Прилеп организираше Награден конкурс за најдобар рецитатор и најдобра лична творба(поезија и проза).Учесници имаше многу, но во првонаградените се најдоа ученичките на СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ кои се закитија со две први места и едно трето место.

15058764_10208226198677921_1377404667_n

На 12 ноември (сабота) се одржа рецитаторскиот дел и ученичката од втора година-Викторија Цветаноска со песната „Псалм за m-lle Lili“ од Ацо Караманов го доби заслуженото прво место.
На 13 ноември (недела) се одржа вториот дел од Наградниот конкурс за најдобра лична творба,првото заслужено место за најдобар расказ и припадна на ученичката Тамара Мирческа од прва година, а третото место исто за најдобар расказ на Михаела Анастасовска од втора година.

15049624_10208234752611764_2084398991_n

 

 

Горди на успесите на ученичките се и нивните менторки,професорките: Цеца Видова -Трајческа и Соња Мирческа како и целиот колектив при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.