Награда за најдобра изведба на староградска музика за Октетот „Прилеп“ на фестивалот во Битола

Октетот „Прилеп“ како учесник на Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ во Битола, за својот настап на 31.07.2018 година доби награда од жирито на фестивалот за најдобра изведба на староградска музика.

Октетот работи со поддршка на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп повеќе од 15 години, а има издадено 3 албуми со 40 композиции и ја одржува традицијата за староградска музика.

Октетот „Прилеп“ остана единствен активен октет на староградска музика кој функционира во Македонија непрекинато, со редовни концертни настапи и проби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.