Награда доделена во вистински раце: За првото место по англиски на СВЕТСКО, Вања и неговата наставничка добија третоноемвриска награда (Фото)

Вања Ѓорѓиоски, ученик во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваше на Светското финале на натпреварот по англиски јазик “Хипо”, кое од 28-30 септември се одржа во Рим, Италија.

Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…. и многу други.

Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.

За својот успех Вања и неговата менторка синоќа на свечената седница на Советот на општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на градот, добија и третоноемвриска награда.

Честитки! Награда која е доделена во вистински раце, и со сигурност ќе биде поттик за Вања и останатите ученици дека успехот се вреднува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.