Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело.
Првите честитки на кинематограферот Канџи му ги уптатија минисетерот Љутков и директорот на фестивалот Димитрија Доксевски.
-Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и сакам да и ја посветам на мојата сопруга Мариен за целата нејзина поддршка, истакна Конџи, на синоќешната фестивалска свеченост.
Како што информираше МИА, годинешниот лауреат Конџи во својата богата кариера соработувал со режисерите Жан-Пјер Жене, Дејвид Финчер, Бернардо Бертолучи, Михаел Ханеке, Роман Полански, Дени Бојл, Нил Џордан, Сидни Полак, Вуди Ален, Џејмс Греј, Бонг Џун-хо, Вонг Кар-Ваи, Алехандро Гонсалес Ињариту, Ари Астер и браќата Сафди и во плодната соработка создале неповторливи филмски остварувања.
Дариус Конџи е врвен естет кој по сите критериуми ја заслужи Златната Камера 300 за животен опус, истакнаа од ИФФК „Браќа Манаки“.