Навивачка реткост во Македонија: ,,Комити” и ,,Војводи” заеднички навиваа на натпреварот Teтекс-Вардар

Навивачките групи „Војводи“ и „Комити“ направија убава атмосфера на братското дерби меѓу Тетекс и Вардар на Градскиот стадион во Тетово.

Двете навивачки групи се збратимени и меѓу нив има само пријателство, пример кој треба да го следат и останатите навивачки групи низ Македонија.

Ова е вистинска реткост, на теренот на играат два клуба, а на трибините нивните навивачи да навиваат заеднички.

Крајниот резултат беше 0:3 за Вардар, но тоа не ја наруши атмосферата на трибините.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.