Заради стабилизација на ФК Победа и заради подобрување на имиџот на клубот, како и за добивање на што поголема масовност при игрите на нашиот најпрепознатлив бренд, предлагаме колективно учевство на сите жители на Општина Прилеп, во финансирањето и управувањето на клубот. Навивачката група Мајмуни, предлага секое семејство во Прилеп, да има удел во ФК Победа, преку плаќање на симболична месечна надохнада за финансирање на клубот, а за возврат граѓаните да имаат слободен пристап на градскиот стадион, при одигрување на мечеви на домашен терен. Ако овој наш предлог, наиде на широка поддршка, ќе го предложиме до градоначалникот и советот на Општина Прилеп, како и до сите релевантни институции, вклучително и до политичките партии. Да дадеме по едно евро месечно, од секоја фамилија, би се обезбедило долгорочна стабилност на клубот и во тој случај би можел да се бори за повисоки дострели. Од друга страна, секој љубител на фудбалот слободно и безплатно ќе може да ги следи натпреварите на прилепскиот бренд. Плус на ова ќе се обезбедат и безплатни школи за сите категории на млади фудбалери, за да добиеме академија од која ќе произлезат репрезентативци на Македонија.