Навивачите на Шалке му оддадоја почит на починатиот фан на Вардар

Schalke Fans Gedenken verstorbenen Vardar Fan

Навивачите на германски Шалке со транспарент на македонска кирилица, му оддадоја почит на починатиот фан на ФК Вардар Сашо Микиќ  – Штракало.

На натпреварот кој се одигра вчера против Волфсбург, ултрасите на Шалке развиорија транспарент со кој ја покажаја солидарноста и пријателската врска која ја имаат со Вардар и македонските навивачи.

Пораката на знамето гласеше:  ,, Почивај во мир Штракало, Ултрасите живеат вечно” .

 Aлександар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.