НАВИВАЧИТЕ ВО МЕЛБУРН ПОЛУДЕА: Ѓоковиќ го погоди Мареј во глава (ВИДЕО)

nole

Новак Ѓоковиќ допатува во Мелбурн каде од понеделник ќе ја брани титулата на Австралија Опен. Вториот тенисер на АТП листата веднаш после доаѓањето приреди хуманитарна вечер, каде се собираа пари за Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

Егзибицијата ги одушеви навивачите на трибините, особено делот кога Новак со нога го гаѓаше својот и ликот на Мареј на ѕидот. Србинот покажа врвна фудбалска техника, а ударот со топката го насочи кон својот најголем ривал.

– Намерно го гаѓав Енди, се пошегувал Ѓоковиќ, а публиката на “Маргарет корт арената” се воодушеви.

Новак одигра и меч со Александар Зверев, а Германецот славеше со 2:1 во сетови, кои се играа до 4 гејмови.

Нема што, Новак е расположен во пресрет на турнирот, каде до сега дури 6 пати го подигаше пехарот.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.