Му пpoнaшле 30.000 евpa во автомобилот: Апceње на патот Македонски Брод-Прилеп

На 06.09.2022 околу 12.12 часот на патот Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Суводолска крстосница“, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода М.Н.(52) од Велес.

При преглед во возилото „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.