Му побарале документи, па тргнал да ги прегази полицајците со автомобил

На  17.07.2018 година во 12:15 часот на улица „Ангел Винички“ во Виница  полициски службеници вршејќи работи од областа на сообраќајот на даден знак со  „стоп палка“ на Г.А.(63) од Виница кој управувал патничко моторно возило “Сузуки Витара“ со штипски регистарски ознаки му биле побарани документи, а тој одбил да им даде документи.

Го стартувал возилото и продолжил со движење, а потоа го свртел возилото и со голема брзина се упатил кон полициските службеници со намера да ги прегази.

Откако полициските службеници успеале да го запрат возилото  Г.А.  го привеле во Полициска станица во Виница.

По целосно комплетирање и документирање на настанот против Г.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.