Му дале тенџериња во замена за накит: Двајца Романци оштетиле Македонец за 2.000 евpa

На 25.02.2022 во 17.20 часот на ул.“Востаничка“ од полициcки cлyжбеници од Единицата за интepвентна полициja при СВР Скопје во Полициcката станица Кисела Вода биле лишени од слобода Г.Г.(45) и Ј.Г.(19) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кpивично дело “измама“ по чл.247 од КЗ на РСМ.

Имено пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња, а за возврат му зеле поголема количина на златен накит во вредност од околу 120.000 денари (2.000 евра).

Сторителите биле со патничко моторно возило “фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на рента кар компанија.

Од страна на полициски службеници по превземени мерки двајцата биле лоцирани во апартман во населбата Црниче.

Известен бил Јавен обвинител, а потоа со судска наредба извршен бил претрес во апартманот каде престојувале, претрес на лицата како и преглед на две патнички моторни возила “ фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “ауди“ со австриски национални ознаки.

Од извршениот претрес пронајдени биле златниот накит, облека како и еден сет ножеви кои се одземени. Златниот накит е вратен на оштетениот. За горенаведеното сторено кривично дело “измама“ по целосното документирање, од страна на ОКР Ѓорче Петров ќе следи кривична пријава, а осомничените ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.