Во 03 часот и 50 минути на магистралниот пат Прилеп-Македонски Брод, во близина на селото Дебреште, прилепско, непознат маскиран сторител извршил разбојништво на бензинска пумпа. Сторителот со закана со пиштол од вработениот одзел околу 30.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.